Connect with us

Фудбал

Баерн замина во Истанбул без Горецка, Гнабри и Нојер

Баерн Минхен го објави составот на тимот за утрешното гостување кај Галатасарај во натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите.

Сега е сосема јасно дека Томас Тухел на тој меч нема да може да смета на Серж Гнабри, Леон Горецка, Мануел Нојер, Даи Упамекан и Рафаел Гереиро.

Гнабри и Нојер тренираа, но се уште нема потреба од нивно предвремено враќање во игра. Горецка ја повреди раката при победата над Мајнц од 3:1. Сепак, добра вест за Баварците е враќањето на Нусаир Мазрауи во тимот.

Мароканецот продолжи со тренинзите по повредата на мускулот и ќе биде достапен за утрешниот натпревар од Лигата на шампионите во Истанбул против Галатасарај.

Мазрауи привлече критики во последните недели откако сподели пропалестинска објава на социјалните мрежи, која подоцна беше избришана. Баерн реши да не го санкционира по разговорите минатата недела, а тренерот Томас Тухел додаде дека играчот се кае за своите постапки. Мазрауи ја пропушти победата на Баерн во Бундеслигата против Мајнц.

Галатасарај и Баерн се сретнаа само еднаш во Европа и тоа пред 51 година во првото коло. Натпреварот од 1972 година одигран во Истанбул заврши со резултат 1:1. Баварците беа убедливи во реваншот, кои триумфираа со 6:0.