Фудбал
Балардини: Пандев мора уште една сезона,
Тренерот на Џенова, Давиде Балардини смета дека Горан Пандев најмалку уште една сезона може да игра клупски фудбал. Балардини и претходно јавно побара Пандев да продолжи да игра, сега одново го убедува да продолжи, сепак потенцира дека самиот треба да реши.
“Во неколку наврати сум истакнал дека посакувам Горан Пандев да го имаме во тимот и во иднина. Тој мора да продолжи да игра во Џенова. Но, секако дека изборот е негов. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите“ потенцираше Балардини.
Договорот на Пандев со Џенова е истечен, но се верува дека има отворена понуда од клубот да игра уште една сезона доколку одлучи