Connect with us

Фудбал

Балотели: Ако зборуваме само за квалитети, не сум инфериорен во однос на Меси и Роналдо

Марио Балотели повторно ги натера луѓето да зборуваат за него. Овој пат неговата шокантна изјава дојде од интервју за The Athletic.

Понизноста никогаш не била една од највпечатливите квалитети на Супер Марио, но овој пат можеби е преценета кога ќе се спореди со Меси и Роналдо.

„100% сум сигурен дека мојот квалитет е на исто ниво со овие луѓе, но… пропуштив некои можности, знаеш? Се случува. Во денешно време не можам да кажам дека сум добар како Роналдо, бидејќи колку златни топки има освоено Кристијано? 5?! Не можам да се споредувам со Меси и Роналдо, никој не може. Но, ако зборуваме само за квалитети, фудбалски квалитети, нема што да им завидувам, да бидам искрен“, заврши Балотели со сериозен тон.