Connect with us

Фудбал

Балотели се враќа во италијанскиот фудбал

Марио Балотели ќе се врати во Италијанската Серија Б и ќе го носи дресот на Монца, клубот каде што главниот збор го имаат легендарните Силвио Берлускони и Адријано Галијани.

Според Sky Sport, Супер Марио нема да оди во Васко да Гама, како што се зборуваше последните денови.

Напаѓачот ќе ги помине лекарските прегледи во понеделник, а деталите за договорот сеуште не се познати.