Connect with us

Фудбал

Балотели: Враќање во Италија? Реална опција …

Италијанецот, Марио Балотели е се поблиску до враќање во Серија А.

На Балотели на крајот на сезоната му истече договорот со Ница, покрај тоа што францускиот клуб понуди продолжување на соработката, одлучи да им се заблагодари за понудата и да бара нов предизвик во кариерата.

Како што стојат работите, Балотели во моментот е најблискку до враќање во италијанскиот фудбал, но сега како можна дестинација се споменува Наполи кој го води Карло Анчелоти.

“Враќањето во Италија е реална опција, како и многу други. Сеуште чекам да видам што ќе се случи, сега за сега не може ништо повеќе да се каже. Имам состанок со Раиола следната недела … Никогаш нема да кажам не на Италија, без сомнение , но ќе видиме “, рече Балотели.