Поврзи се со нас

Фудбал

Барди: Ајде момци, сите сме со вас

Енис Барди кој вазжи за еден од најдобите во репрезентацијата на Македонија, вечерва нема да може да им помогне на своите тимот, откако го повреди рбетот на последниот тренинг пред заминувањето за Тбилиси, каде вечерва Македонија ќе го игра најважниот меч во својата историја и против Грузија ќе ја брка визата за пласман на Европското првенство.

Ова е голем удар за репрезентацијата на нашата земја, но Игор Ангеловски има избор за замени, кои ќе треба да го надополнат отсуството на одличниот креативен фудбалер за врска, а како и досега тимски ќе треба да се надомести недостатокот на Барди.

Фудбалерот на Леванте, кој ја пропушта историската средба, им посака успех на своите браќа од репрезентацијата и им порача дека до последна секунда ќе биде со нив, иако вечерва нема да е на теренот.

„До овде стигнавме затоа што го заслуживме. Уште еден чекор пред големиот сон на сите нас! Нема да можам да сум на терен со вас, ама ќе навивам до крај и ве поддржувам во секоја секунда на мечот. Поддржете се еден за друг и ќе ја добиеме уште оваа. Ајде момци, сите сме со вас. Мои браќа“, напиша Енис Барди.

loading...

Facebook