Connect with us

Фудбал

Барди: Екипата е жива, уште малце ни фали да бидеме поопасни!

Како Енис Барди го коментира натпреварот во кој македонската фудбалска репрезентација на моменти доминираше?

„Мислам дека беше добар натпревар за нас . Почнавме добро да играме. Нормално дека е тешко, бидејќи се бориш со најдобрите. Мислам дека во некои моменти бевме подобри од нив, но тие искористија повеќе шанси. Среќен сум што сум тука и екипата е жива и дава се што може од срце. Да продолжиме имаме уште два натпревари“, рече Барди по натпреварот.

Овој пораз сигурно нема да ве демотивира, како по три дена против Украина?

„Мислам дека сега треба само да одмараме добро, да  аналзиираме каде ни се грешките и нормално дека секој противник ги гледа натпреварите и ги анализира слабите точки. Да одмориме глави и тело и да мислиме на Украина. Ќе дадеме повеќе од овој натпревар. Уште малку ни фали за да бидеме поопасни“, рече Барди.

Имавме поддршка од трибините, со Украина ќе биде уште повеќе…

„Благодарам на сите. Бев и со корона 10 дена имав многу поддршка и јас користам оваа прилика да се заблагодарам на сите, бидејќи сите ми даваат поддршка. Тие се 12-ти играч…“, додаде Барди