Connect with us

Фудбал

Барди и Трајковски во еден глас: Вторник е голем ден

Македонските фудбалери Александар Трајковски и Енис Барди денеска во изјава за ТВ21 порачаа дека вторник ќе биде голем ден за сите.

„Вторник ќе биде еден голем ден за сите нас, само треба да уживаме и да сме горди што сме дошле до таму, но уште не е крај“, порача Барди.

Инаку, Трајковски, Барди како и селекторот Благоја Милевски денеска од Министерството за надворешни работи добија дипломатски пасоши пред натпреварот со Португалија.

Издадените пасоши се поради историскиот успех на репрезентацијата.