Поврзи се со нас

Фудбал

Барди, Ристевски и Велкоски не отпатуваа за Грузија

Скопје, 11 ноември 2020 (МИА) – Поради позитивни тестови на коронавирус, Крсте Велкоски и Кире Ристевски нема да бидат дел од македонската фудбалска репрезентација која утре ќе го игра баражот за пласман на Европското првенство.

За Тбилиси денес не отпатува ниту Енис Барди кој има повреда.

– Енис Барди поради повреда нема да игра со Грузија. Тој има интервертербтален дискус со мускулен спазам (повреда на рбетот) и не отпатува за Грузија, објави ФФМ.

Натпреварот е закажан за утре со почеток во 18 часот. зс/

loading...

Facebook