Фудбал
Барди сам побарал од Леванте да биде продаден, заинтересирани Милан, Бетис, Сосиедад, Торино…
Еден од најдобрите македонски репрезентативци Енис Барди самиот побарал од раководството на Леванте да биде продаден.
„Супердепорте“, тврди дека, од почетокот на месецот Барди имал неколку средби со претседателот на клубот, Кико Каталан, на кои ја изразил желбата да замине од клубот.
Неговиот договор истекува за шест месеци, па како слободен може да замине по завршувањето на сезоната, а веројатно меѓусебниот договор ќе биде да биде продаден во јануари, со цел тимот кој се бори за опстанок да заработи нешто.
Вчера, „Ел Чингирито“, објави дека европскиот великан Милан, понудиле 5.000.000 евра за Барди. Освен Милан, наводно за услугите на нашиот фудбалер се заинтересирани и Реал Сосиедад, Торино, Бетис.