Connect with us

Фудбал

Барса го регистрираше Дани Алвеш

Барселона денеска ќе го регистрира Дани Алвеш, кој ќе го има своето второ деби за Каталонците во 1689 дена откако го одигра последниот натпревар за блауграните. Клубот најави враќање на Бразилецот на 12 ноември, но уште тогаш стана јасно дека тој нема да може да настапи на официјален натпревар до јануари.

38-годишниот десен бек веќе ги запиша првите минути со тимот, но тоа се случи на пријателскиот натпревар со Бока Јуниорс за Купот Марадона.

Последниот официјален натпревар на Алвеш со Барселона беше финалето на Купот на кралот против Севиља во 2016 година. Утре, 1689 дена подоцна, Алвеш повторно ќе игра со каталонскиот тим. Ова ќе се повтори во меч за Купот на кралот – против третолигашот Линарес Депортиво од 1/16 финалната фаза на натпреварувањето.

Кон крајот на минатата година, Алвеш беше позитивен на коронавирус, но веќе ги продолжи тренинзите и е достапен за Чави Ернандез.