Фудбал
Барса ја постави цената за Пако Алкасер
Каталонскиот клуб е подготвен да го продаде Пако Алкасер, а ја определија и цената Барса што ја бара за неговото заминување.
Во Барселона, процениле дека Пако нема да им треба во следната сезона, па затоа бил ставен на трансфер листата. Клубот што сака да го купи ќе мора да плати 27 милиони фунти.
Иако договорот му важи уште три години, тренерот на 24-годишниот Пако, Ернесто Валверде, рече дека е подобро да се погледне во тим кој ќе игра редовно, а очигледно е дека некои англиски тимови се подготвени да ја платат цената.
Повторно, како и обично, се споменува Евертон, кој од Барса го донесе левиот бек Лукас Диње, а исто така и Лестер е заинтересиран за Пако, сепак и Валенсија ќе ја разгледа можноста за враќање на Акасер.