Ракомет
Барса не е Барса ако не плаче, судиите и биле виновни за поразот од Вардар
Тимот на Вардар во полуфиналето на Лигата на шампионите, иако беше аутсајдер, успеа да го совлада најголемиот фаворит за титулата, Барселона. Од каталонскиот гигант се уште не можат да се помират со поразот.
-Имавме 15 лоши минути против Вардар, во кои ниту еден од нашите ракометари не направи ништо позитивно. Судиите нè оштетија, но ние со ништо не реагиравме и дозволивме Вардар да ја добие таа помош од нив. Ни се случи чудна блокада. Промашивме удари што не ги промашуваме вообичаено, загубивме топки што обично не ги губиме и ни се случи сè лошо што може да се случи. Ракометарите се деконцентрираа по судиските грешки, вели спортскиот директор на Барселона, Давид Баруфет.
Барса загуби од Вардар со 27-29 во полуфиналето од Лигата на шампионите, што беше втор пораз за каталонскиот гигант по оној од пред две години на истото место од македонскиот првак.