Connect with us

Фудбал

Барса не може да стори ништо, ниту 75 милиони евра не помагаат

Барселона и Манчестер Сити секогаш се подготвени да платат за добар играч, но понекогаш не се пресудни парите.

Словачкиот репрезентативец, Шкриниар е штитот во одбраната на Интер, а сега кога ќе дојде Стефан де Врај, овој тим може да има страшно добра одбрана во Серија А и Лигата на шампионите.

Сепак, Шкриниар е мета за Барса и Сити и ќе биде тешко да го задржат, бидејќи наводно каталонците нудат до 75 милиони евра.

Можеби навивачите треба да се плашат дека 23-годишниот заминува, но по неговата изјава исчезна загрижениот израз на нивните лица.

“Барса, Сити? Нема шанси, ќе останам тука и остатокот од мојата кариера би го поминал во овој клуб!”, рече Шкриниар.