Фудбал
Барса нуди попуст, го продава Кутињо за „смешни“ пари
Барселона има големи финансиски проблеми и мора значително да го намали буџетот за плати за следната сезона, пренесуваат шпанските медиуми.
Кутињо дојде за 165 милиони евра вреден трансфер сосе бонуси од Ливерпул како големо засилување во зимата 2018 година, но во Барселона скоро да не покажа ништо, а изминатава сезона воопшто и не играше, а неговото заминување е очекувано со цел да го ослободат буџетот, но и да внесат свежи пари во касата како заработувачка поради финансискиот фер-плеј, кој во моментов им е сериозна пречка и за новиот договор со Лионел Меси.
Офанзивниот играч за врска не ги исполни големите очекувања на клупските челници и сезоната 2019/2020 ја одработи како позајмен фудбалер во дресот на Баерн (М) со кој ја освои тројната круна (Бундеслига, Куп на Германија и Лига на шампиони).
Бразилецот е веќе дефиниран како играч кој не може да помогне во новата сезона, а раководните лица имаат уште еден голем проблем, мора да обезбедат парични средства за новиот договор на капитенот Лионел Меси и истовремено да не ги прекршат строгите правила на Финансискиот фер-плеј.
Кутињо беше донесен во Барса од Ливерпул за бомбастична сума од 135 милиони евра. Сепак, тој разочара со настапите за Каталонците, кои веќе бараат начин да се ослободат од него, иако ќе бидат во огромна загуба. Клубот веќе се раздели со Франциско Тринкао, кој замина на позајмица во Вулверхемптон, а на Самуел Умтити и Миралем Пјаниќ им беше понудено да си заминат со спогодбен раскин што овие двајца засега одбиваат.