Connect with us

Фудбал

Барса за ремонт, по Суарез уште една легенда го напушта клубот

Наводно, Атлетико Мадрид доставил понуда за Жорди Алба. Еден од најдобрите леви бекови на денешницата би можел да биде „жртва“ на ремонтот кој се планира на „Камп Ноу“.

Барселона направи голема грешка кога минатото лето буквално го избрка Луис Суарез, кој премина во редовите на Атлетико Мадрид без обештетување и го предводеше тимот до шампионската титула во Ла Лига.

Се чинеше дека Серхио Бускетс ќе се пензионира во Барса, но сега се поврзува со трансфер во Баерн Минхен како слободен агент. За многумина тој и натаму е еден од најквалитетните играчи на својата позиција.

Нови засилувања се Ерик Гарсија и Серхио Агуеро, а допрва ќе се работи на трансфери кои ќе ја вратат Барселона на врвот на шпанскиот и европскиот фудбал.