Фудбал
Барселона баз мака до 30 милиони евра
Минатиот јануари Барселона ја искористи можноста и го купи талентираниот Жан-Клер Тодибо за само еден милион евра.
Тодибо пристигна на „Ноу Камп“ од Тулуз. Сепак, во Барселона немаа трпеливост за младиот дефанзивец, не ја доби вистинската можност во првиот тим, па затоа беше испратен на позајмица овој јануари.
Тодибо замина во Шалке и со своите игри ги воодушеви челниците на клубот за многу кратко време.
Тодибо помина само неколку месеци во Гелзенкирхен и запиша пет настапи во Бундеслигата. Сепак, веќе со денови се пишува дека ова е доволно за челниците на Шалке да решат да го откупат договорот на Тодибо на крајот на сезоната – и покрај кризата со коронавирус која е неизбежна и во германскиот фудбал.
Шалке, наводно, ќе му плати на Барселона 25 милиони евра за договорот на Тодибо, а Каталонците можат да сметаат на дополнителни 5 милиони евра во бонуси, кои би требало доста лесно да се активираат.
Со оглед на фактот дека Шалке го плати заемот за нешто повеќе од еден милион евра, Барселона лесно ќе заработи 30 милиони евра на Тодибо.