Connect with us

Фудбал

Барселона должи над 100 милиони евра за стари трансфери

Иако ги намалија расходите, пред се Меси не е тука и неговата висока плата, ги скратија платите на многу фудбалери, сепак Барселона се уште е во големи долгови. Според информациите Каталонскиот тим се уште должи големи пари за стари трансфери, кои се реализирани уште пред неколку години. Имено, Барселона има долг за стари трансфери од 115 милиони евра, од кои цели 13 милиони кон Ливерпул за најскапото свое засилување Фелипе Кутињо, купен во јануари 2018 година. Потоа уште 39 милиони евра за Миралем Пјаниќ кон Јувентус, па 32 милиони за Френки де Јонг кон Ајакс, цели 16 милиони за Сержињо Дест, исто така кон Ајакс.

Инаку Барселона во последните четири години потроши безмалку пола милијарда евра само на три засилувања, од Осман Дембеле, па Кутињо и на крај Ентоан Гризман, кој летово се врати во Атлетико Мадрид, а ако шпанскиот првак го откупи тоа ќе биде за трипати помалку од тоа што заработи две години претходно од 120-те милиони евра.