Поврзи се со нас

Фудбал

Барселона донесе одлука пет играчи да бидат продадени во зима

Барселона, 7 ноември 2020 (МИА) – Барселона ќе се раздели со пет фудбалери во зимскиот преоден рок. Според „Мундо Депортиво“, доколку има купувачи, Усман Дембеле, Самуел Јумтити, Мартин Брајтвејт, Жуниор Фирпо и Карлес Алења ќе го напуштат клубот.

Оваа сезона 23-годишниот Дембеле постигна два гола и една асистенција на седум натпревари, 29-годишниот Брајтвајт настапи на четири натпревари, 26-годишниот Јумтити не влезе на теренот, 24-годишниот Фирпо одигра 24 минути на две средби, додека 22-годишниот Алења играше само седум минути.

Еден од претендентите за Дембеле е Манчестер јунајтед, кој ќе започне преговори со Каталонците во текот на зимскиот преоден рок. Според трансфермаркт, играчот е проценет на 50 милиони евра.

За другите четворица сè уште нема заинтересирани екипи. зс/

loading...

Facebook