Connect with us

Фудбал

Барселона доживеа нов удар

Централниот дефанзивец на Барселона, Ерик Гарсија, ќе биде надвор од терените повеќе од еден месец поради повреда на препоните здобиена на ремито 1-1 со Гранада, соопшти каталонскиот клуб. 21-годишниот играч беше принуден да си замине на почетокот на вториот дел, а на негово место дојде Клемент Ленгле.

Гарсија најверојатно ќе биде надвор од терените 5 недели“, се вели во соопштението на клубот.

Барселона доживеа уште два удари во текот на неделата – дефанзивецот Роналд Араухо ќе има операција на раката, а играчот од средниот ред Френки де Јонг има повреда на потколеницата.

Барселона е на шестото место во поредокот со 32 бода од 20 натпревари, а тимот во среда ќе патува за Ријад во полуфиналето од шпанскиот Суперкуп против Реал Мадрид.

Реклама

Facebook

Реклама