Connect with us

Фудбал

Барселона е очајна што сака да го врати напаѓачот, кој во Интер е трета опција?!

Според информациите на италијанските медиуми Барселона сака во своите редови да го врати Алексис Санчез кој во овој тим играше од 2011 до 2014-та година и на 88 мечеви постигна 39 голови, а потоа замина во Арсенал каде играше многу подобро.

Сега, Чилеанецот е во Интер, но интересно е тоа што таму, кај тренерот Симоне Инзаги тој е трета опција, по Џеко, Мартинез и Кореа. Наводно се чекало зелено светло од Чави и преговорите да почнат. Можна е и размена, Санчез на „Камп Ноу“, а во спротивна насока да замине Луук Де Јонг, напаѓач кој дојде по замининувањето на Гризман на инсистирање на екс тренерот Роналд Куман и кој кај Чави речиси и да не добива минутажа.