Поврзи се со нас

Фудбал

Барселона е подготвена да го купи Гарсија од Манчестер сити за осум милиони евра

Барселона, 3 ноември 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Манчестер сити, Ерик Гарсија е близу до пристапување на Барселона, објави шпанскиот весник „Sport“.

Според изворот, Каталонците ќе понудат осум милиони евра за 19-годишниот Шпанец. Тренерот на каталонскиот клуб, Роналд Куман смета дека трансферот на играчот е приоритет во зимскиот преоден рок.

Гарсија оваа сезона одигра четири натпревари. зс/

loading...

Facebook