Connect with us

Фудбал

Барселона ги обнови договорите со четворица фудбалери

Барселона, 21 октомври 2020 (МИА) – Шпанскиот фудбалски гигант, Барселона, на својата  официјална веб-страница објави продолжување на договорите со четворица играчи.

Новите договори ги потпишаа: голманот Марк-Андре тер Штеген (до 30 јуни 2025 година), дефанзивците Жерар Пике (до 30 јуни 2024 година) и Клеман Лангле (до 30 јуни 2026 година) како и играчот за врска Френки де Јонг (до 30 јуни 2026 година).

Во договорите на Тер Штеген и Пике обесштетувањето за предвремен раскин на договорот е ставено на 500 милиони евра, кај Де Јонг 400, додека за Лангле изнесува 300 милиони евра.

Каталонскиот клуб договорите со играчите ги потпиша во време на финансиска криза и во период кога упати барање до тимот да се изјасни за намалување на платите. зс/