Фудбал
Барселона го објави договорот со Обамејанг, клаузулата изнесува 100 милиони евра, ова се деталите
Иако уште на 31-ви јануари заврши преодниот рок, Барселона дури денеска официјално го потврди договорот со напаѓачот Обамејанг. Иако првично се зборуваше дека тој ќе дојде на позајмица, сепак станува збор за перманентен трансфер. Според информациите, Обамејанг го раскинал договорот со Арсенал и потпишал за Барселона до 2025-та година. Сепак, според клаузулата тој може д замине во јуни 2023-та и да замине од клубот. Клаузулата за него изнесува 100 милиони евра.
Финансиските детали не се објавени, но сигурно е дека напаѓачот нема да ја добива платата како во Арсенал која изнесуваше 300.000 фунти неделно.
❗️ NEW SIGNING!
▶ @Auba is blaugrana!— FC Barcelona (@FCBarcelona) February 2, 2022