Connect with us

Фудбал

Барселона го понудила Умтири на друг клуб, а добиле одговор: Дали е ова некаква шега?!

Барселона долго време се обидува да се ослободи од францускиот дефанзивец, но Умтити има договор и не сака да замине. Каталонците се уште работат на тоа да се ослободат од него, но навистина е се потешко и потешко.

Умтити одигра само еден натпревар во Ла Лига оваа сезона, играјќи 90 минути во ремито 2-2 со Осасуна минатиот викенд. Тој важи за технолошки вишок, но клубот се уште не нашол начин да го продаде некаде.

Според каталонски спорт, претставник на Барселона во разговор со претставник на еден европски клуб го споменал името на Умтити како достапен играч, но тој одговорил: „Дали ова е шега?“.

Бенфика се поврзуваше со 28-годишниот фудбалер, но на крајот немаше начин да се договори за преземање на платата на играчот, а едно од решенијата за Барселона е да го раскине договорот со играчот, но ќе мора да плати компензација.

Умтити има договор до 2023 година, а според истиот заработува околу 208.000 фунти неделно. Доведен е за 20 милиони во 2016 година, а во првите две сезони одигра 83 натпревари, но со Роналд Куман, па и сега со Чави не е во плановите.