Фудбал
Барселона и Атлетико се судрија за Топ 4
Барселона на својот „Камп Ноу“ го пречекува шампионот Атлетико Мадрид во 23. коло од Ла Лига.
Измешани се вестите пред натпреварот за каталонскиот тренер Чави Ернандез. Свесен е дека нема да може да се потпре на Ерик Гарсија, Самуел Умтити, Ансу Фати и Клемент Ленгле, а во прашање се и Мемфис Депај и Серж Роберто. Добрата вест за „блауграните“ е поврзана со едно од новите засилувања – Адама Траоре, кој е во состојба да стартува од првата минута против „душеците“.
За Чоло Симеоне и Лос Рохибланкос, тешко дека ќе учествува поранешниот играч на Барса, Антоан Гризман. Прашања има и за Маркос Љоренте, Фелипе и Џефри Кондогбија. Отсуството на двајца играчи од дефанзивната шахта ги сведува опциите на аргентинскиот селектор на речиси критичен минимум. Во натпреварот можеме да видиме уште едно деби – тоа на Даниел Вас. Десниот бек дојде во Мадрид од Валенсија, а за очекување е доколку Љоренте испадне од шпанскиот првак на негово место да дојде Данецот.
Последните две средби на двата ривали во каталонската престолнина завршија нерешено, дали ќе гледаме еден и сега треба да дознаеме.
Веројатни состави:
Барселона (4-3-3): Марк Андре Тер Штеген, Дани Алвеш, Жерар Пике, Роналд Араухо, Жорди Алба, Френки, Де Јонг, Серхио Бускетс, Педри, Феран Торес, Лук Де Јонг, Ез Абде
Тренер: Чави Ернандез
Атлетико Мадрид (4-4-2): Јан Облак, Даниел Вас, Стефан Савиќ, Хозе Хименез, Марио Ермосо, Јаник Караско, Родриго Де Пол, Коке, Тома Лемар, Жоао Феликс, Луис Суарез
Тренер: Диего Симеоне