Фудбал
Барселона и Јувентус го сакаат истиот лев бек
Барселона и Јувентус ќе се борат за Алекс Телес во текот на летото.
Бразилскиот лев бек веќе извесно време игра одлично во Порто и го привлече вниманието на европските великани како Барселона и Јувентус.
На Бјанконерите им е потребна замена за Алекс Сандро, кој исто така пристигна од Порто. Откако оваа работа беше успешна во клубот од Торино, тие се решија на истиот „рецепт“.
Сепак, овој пат ќе има жестока конкуренција. Жорди Алба не игра како порано, и од таа причина, на „Ноу Камп“ бараат освежување лев бек.
Порто е познат како тежок орев за преговори и за 27-годишниот Бразилец кој оваа сезона постигна осум гола, сигурно е дека ќе побара околу 50 милиони евра.
Телес пристигна во Европа пред пет години кога потпиша за Галатасарај. Тој беше една сезона во Интер, каде не се прослави, а во Порто игра од 2016 година.