Connect with us

Фудбал

Барселона летово би можела да ги изненади сите со засилувања кои никој не ги очекуваше

Челниците на Барселона летово имаат големи планови кога се во прашање засилувањата и веќе почнаа да ги реализираат.

Барселона минатата недела ги претстави Франк Кеси и Андреас Кристенсен, но тие се само почеток. Се очекува Барселона наскоро да го официјализира престојот на Усман Дембеле и потписот на Рафиња кој пристигнува од Лидс.

Секако, прва желба на каталонскиот клуб и понатаму е Роберт Левандовски, кој наводно е на чекор од пристигнувањето на Камп Ноу, а останува само Барселона и Баерн да решат некои ситни работи во трансферот.

Сепак, каталонски спорт пишува дека Барселона е решена да се обиде да го доведе Бернардо Силва од Манчестер Сити, кој сигурно би бил големо засилување во средниот ред.

Како што пишува Спорт, Барселона има резервна опција доколку Силва е прескап, а тоа е Набил Фекир, кој веќе неколку сезони го носи дресот на Бетис. Фекир и претходно беше поврзуван со Барселона, но немаше сериозни понуди.

Сепак, се чини дека сега не е невозможно овој Французин да дојде во Барселона, а неговиот трансфер би можел да изнесува околу 40 милиони евра доколку Каталонците на крајот решат да го купат.

Овој 28-годишен фудбалер веќе три сезони е член на Бетис каде пристигна од Лион, а минатата сезона одигра навистина добро. Иако има договор до летото 2026 година, не е невозможно да го напушти клубот бидејќи понудата на Барселона не се одбива така лесно.