Connect with us

Фудбал

Барселона му понуди нов договор на Тер Штеген

Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген ја доби довербата на администрацијата на Барселона.

Тер Штеген важи за еден од најдобрите голмани во Европа и затоа воопшто не размислуваат да променат ништо во Барселона, па на Тер Штеген му е понуден нов договор.

Шпанскиот весник „Спорт“ тврди дека раководството на клубот им дало услови на Германецот и неговите претставници, па се очекува да се направи формален договор.

Ситуацијата во Шпанија поради пандемијата на коронавирусот не е ни близу до добра, па затоа ќе треба некое време да почекаат за потпишување на соработка меѓу Тер Штеген и клубот во кој брани во последните сезони.

Баерн покажа интерес за Тер Штеген, поради што Барселона побрза со договорот, а германскиот репрезентативец претходно потврди дека има за цел да остане на „Ноу Камп“ мште многу години.