Connect with us

Фудбал

Барселона на последните пет меча во Лигата на шампионите-Катастрофа

Барселона синоќа загуби со убедливи 3:0 на гостувањето кај Бенфика. Со истиот резултат загуби и од Баерн Минхен во првото коло од групната фаза на „Камп Ноу“. Во моментов тимот на Роналд Куман е на последното место на табелата, но она што најмногу загрижува, покрај двата порази е статистиката, која вели дека на овие два меча Барселона не упатила ниту еден директен удар во рамките на голот од противниците.

Прецизните статистичари воедно алармираат за формата на овој тим во ЛШ. На последните пет меча Барселона има нула победи, еден нерешен резултат и четири порази, со неверојатно негативна гол разлика од два постигнати и дури 14 примени голови. Ова не е онаа Барселона која сме навикнале да ја гледаме.