Connect with us

Фудбал

Барселона не го сака Меси назад, Лапорта потврди две засилувања

Иако во изминатиот период се шпекулираше дека Лионел Меси ќе се врати во Барселона, сепак од тоа нема да има ништо. Ова го потврди првиот човек на клубот Жоан Лапорта.

-Меси е фантастичен, но негово враќање во Барселона не е во нашите планови, изјави Лапорта.

Инаку, Лапорта потврди дека договориле две засилувања за следната сезона.

-Решивме два трансфери за следната сезона. Едниот е играч од средниот ред, а другиот централен дефанзивец. Не смеам да ви ги кажам имињата“, изјави Жоан Лапорта.

Сепак, речиси на сите им е јасно за кого се работи, а тоа го потврди и почитуваниот новинар Фабрицио Романо. Секако, станува збор за играчот од средниот ред на Милан, Франк Кеси, и дефанзивецот на Челзи, Андреас Кристенсен, чиј договор со актуелниот европски првак истекува на крајот од сезоната. Двајцата на Камп Ноу треба да пристигнат како слободни играчи.