Фудбал
Барселона негираше дека ќе добие 20 милиони компензација од Гризман
Раководството на Барселона негира дека ќе добие компензација од 20 милиони евра од Антоан Гризман, откако Французинот не го испочитува постигнатиот договор со клубот и одлучи да остане во Атлетико Мадрид и да го обнови договорот со клубот.
– Лага е дека Барселона ќе добие паричен надоместок од Гризман. Барселона нема да добие ниту цент, бидејќи нема ништо потпишано со фудбалерот, , објаснија од клубот пред „Мундо Депортиво“.
Гризман го обнови својот договор со Атлетико Мадрид до летото 2023 година и сега клаузулата за ослободување веќе е во износ од 200 милиони евра.