Поврзи се со нас

Фудбал

Барселона нема да го продава Дембеле во зимскиот преоден рок

Барселона, 11 ноември 2020 (МИА) – Раководството на Барселона донесе одлука да не го продава напаѓачот Усман Дембеле претстојната зима.

Според шпански „Sport“, 23-годишниот Французин останува во клубот бидејќи се повреди уште еден каталонски напаѓач, Ансу Фати. Според прелиминарните податоци, заздравувањето на Фати може да трае до четири месеци.

Дембеле оваа сезона одигра пет натпревари и постигна еден гол. зс/

loading...

Facebook