Connect with us

Фудбал

Барселона нуди 40 милиони евра плус три играчи за дефанзивец на Наполи

Актуелниот шпански шампион Барселона, наводно, подготвила одлична понуда за стоперот на Наполи, Калиду Кулибали.

„Спорт“ пишува дека Барселона подготвила интересна понуда за дефанзивецот, а станува збор за сума од 40 милиони евра и дури тројца играчи.

Андре Гомез, Пако Алкасер и Денис Суарез се дел од пакетот, кој го нудат каталонците на Наполи и очекуваат одговор од контроверзниот претседател на тимот, Аурелио Де Лаурентис.

За Кулибали одамна постои интерес, а претходно Наполи одби понуда од Челси.