Connect with us

Фудбал

Барселона поднесе жалба против судијата во Ел Класико

Барселона, 26 октомври 2020 (МИА) – Управата на Барселона поднесе официјална жалба до Шпанската фудбалска федерација против судијата Хуан Мартинез Мануера кој јa делеше правдата во 7-то коло од Ла Лига против Реал Мадрид (1:3).

Според „Sport.es“ главната причина за незадоволството на каталонскиот клуб е досуден пенал поради тоа што дефанзивецот на каталонците Клемент Лангле го повлече играчот на Реал, Серхио Рамос за дресот во неговиот шеснаесетник. Арбитерот се консултирал со ВАР пред да донесе одлука.

Забележано е дека поднесувањето жалба е формален гест, сепак, Барселона се надева дека со тоа ќе го сврти вниманието на фудбалската федерација кон работата на ВАР во сезоната 2020/21, која постојано беше критикувана. зс/