Connect with us

Фудбал

Барселона покрај грбот сака да го промени и името

Барселона пред неколку денови потврди дека од следната сезона најверојатно ќе имаат нов грб, односно ќе го надогради својот постоечки грб.

Каталонскиот клуб дизајнот на новиот грб го претстави пред неколку денови на својата официјална страна, а новитет е тоа што на грбот нема да пишува „FCB“. За овој грб да биде на дресовите на овој клуб потребно е собранието Блауграна да ги одобри овие промени, што најверојатно и ќе се случи.

Исто така, шпанските медиуми тврдат дека тоа не се единствените промени кои овој клуб ги подготвува за во иднина. Како што пишува „Mundo Deportivo“ челниците на клубот се спремни да го сменат и името на овој клуб. Доклку собранието го прифати предлогот клубот веќе нема да се вика Барселона, туку само Барса.