Connect with us

Фудбал

Барселона постави четири услови за Нејмар и мора да ги исполни доколку сака да се врати

Нејмар сака да се врати во Барселона, но самиот трансфер не е лесно да се оствари. Покрај тоа што клубовите треба да се договорат, Нејмар треба да направи некои работи.

Нејмар ги прифати условите и понудата на Барселона, но сега ПСЖ треба да се согласи за трансфер. Парижаните се подготвени да преговараат со Бареслона, затоа што им се нуди одлична шанса да земат околу 100 милиони евра и квалитетен играч како Кутињо или Дембеле.

Меѓутоа, Барселона поради навивачите и својот имиџ, мора да го натера Нејмар да исполни неколку услови.

„Mundo Deportivo“ пишува дека Барса има четири услови и дека тие се клучни за судбината на Нејмар.

Првото нешто што шампионот на Шпанија го бара од Нејмар е јавно да се извини, потоа да побара трансфер, да ја повлече тужбата и на крај да прифати пониска плата.

Начинот на кој Нејмар замина од Барселона не беше баш најдобар, а поднесе и тужба против Барселона од која бара 26 милиони евра. Со сето ова што е наведено, мора да прифати плата од 22 милиони евра годишно, што е далеку помалку од таа што ја има во ПСЖ (36 милиони евра).

Сепак во ПСЖ сметаат дека Нејмар треба да биде продаден за околу 300 милиони евра, Барселона го проценува на 200 милиони, со тоа што, како што веќе кажавме, спремна е половината да ја плати така што ќе испрати свој играч во Франција.