Connect with us

Фудбал

Барселона сака Адам да остане, но проблем ќе биде неговата клаузула

Екипата на Барселона нема намера да ја плати откупната клаузула за Адам Траоре, тврди каталонскиот весник „Спорт“.

Шпанецот игра како трансфер од англискиот Вулверхемптон, а во договорот меѓу двата клуба има откупна клаузула од 30 милиони евра.

На „Камп Ноу“ сакаат трајно да го задржат Адам во своите редови, но бараат алтернативни методи. Една од опциите е трансферот на Франциско Тринкао кој е на позајмица кај „волците“ од „каталонците“.