Фудбал
Барселона сакаше да го изнајми Анхелињо, фудбалерот реши да се врати во Лајпциг
Барселона, 24 октомври 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Манчестер Сити, Анхелињо е на позајмица во Лајпциг. Летото тој имаше опција да оди во Барселона, но тој реши да се врати во Германија за уште една година, пишува „ El Mundo Deportivo“.
Минатата сезона Анхелињо учествуваше на 13 натпревари од германскиот шампионат, постигна еден гол и даде две асистенции.
Манчестер сити го проценува својот фудбалер на 30 милиони евра, додека „Transfermarkt com“ го проценува играчот на 20 милиони евра. зс/