Фудбал
Барселона се договори со играчот од средниот ред на Милан
Раководството на Барселона постигна договор со Франк Касиер за трансферот, вели новинарот Жерар Ромеро. Репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска на лето со слободен трансфер ќе се пресели во каталонскиот клуб бидејќи му истекува договорот со Милан.
Регрутирањето на 25-годишниот Касиер го доведува во прашање престојот на Рики Пуч на Камп Ноу.