Фудбал
Барселона се надева дека ќе заштеди 172 милиони евра
Шпанскиот фудбалски гигант Барселона се наоѓа во многу тешка финансиска состојба и веќе го направи приоритетниот чекор – намалување на платите.
Според „Cadena COPE“, по долги преговори, управата конечно успеа да се договори со играчите за помали примања. Така, Барселона ќе заштеди 122 милиони евра за плати оваа година. Сепак, оваа сума ќе им биде префрлена на играчите по финансиското стабилизирање во текот на следните четири години.
Исто така, каталонскиот клуб следната година ќе заштеди 50 милиони евра во бонуси. Тие ќе им бидат исплатени на играчите во текот на следните три години.