Connect with us

Фудбал

Барселона се приклучи во трката за Французинот од Лајпциг

Веќе одамна Дајот Упамекано е одличен во Бундеслигата, а оваа сезона се покажа во одлично светло и на најголемата сцена, во Лигата на шампионите.

Одличните игри на 21-годишниот стопер не поминаа незабележано, па денес тој е мета на многу европски клубови.

Упамекано веќе се поврзува со Милан, Тотенхем и Арсенал, а се наведува дека „Топџиите“ се најсериозни во намерата да го донесат во своите редови, па подготвија 50 милиони евра за неговиот трансфер.

Сепак, сега францускиот „Le10 Sport“ пишува дека Барселона исто така се вклучува во трката и ќе се обиде да ги расипе плановите на Арсенал за следниот преоден рок.

Барселона, наводно, сака што е можно побрзо да најде нови засилувања за бековската линија со оглед на големиот проблем со повредите на Умтити, додека Жан-Клер Тодибо би можел да направи трансфер во Шалке.

Патем, Упамекано е производ на младинската школа на Валенсијан од кој се пресели во Салцбург во 2015 година. После две сезони во Салцбург, односно во 2017 година пристигна во Лајпциг.