Фудбал
Барселона за Нејмар понудила дури тројца играчи!
Нејмар во 2017-та година во рекорден трансфер од 222 милиони евра од Барселона замина во Париз. Не помина долго почнаа гласини дека сака да се врати на „Камп Ноу“. Преговори имаше и минатата година, но трансфер немаше.
ПСЖ тогаш бараше Барселона да плати минимум 200 милиони евра, а сега францускиот тим е подготвен својата ѕвезда да ја продаде за 150 милиони евра. Но, и оваа сума е голема особено во овие тешки времиња кога Барселона трпи огромни финансиски загуби поради коронавирусот.
Како што објави „Мундо Депортиво“, Барселона е подготвена во Париз да испрати тројца фудбалери за Нејмар и тоа Осман Дембеле, Самуел Умтити и Жан Клер Тибодо. Засега не е познато дали ПСЖ ќе прифати ваква трампа.
Инаку, оваа сезона Нејмар одигра 15 мечеви во Лига 1 и постигна 13 голови, забележувајќи и шест асистенции. На четири меча во ЛШ постигна три гола и две асистенции.