Поврзи се со нас

Ракомет

Барселона запиша четврта победа – 45 голови на ППД Загреб во ЛШ

Интересен натпревар попладнево во рамките на Лигата на шампиони помеѓу Барселона и ППД Загреб. Ракометарите на Барселона го прегазија ППД Загреб со 45-27, во рамките на четвртото коло од Лигата на шампионите и останаа максимални и во врвот од групата со Веспрем и Алборг кои имаат исти резултати досега.

Каталонците фуриозно го отворија мечот со серија од седум голови за водство од 8-1, по што продолжи нивната доминација до крајот на првите 30 минути, кои ги добија со 24-13.

Хрватската екипа не успеа ниту во второто полувреме да направи нешто посериозно, а Барселона постојано го зголемуваше водството до конечни 45-27.

Најкорисен играч на натпреварот беше Дика Мем во победничкиот табор со осум реализации, додека по шест имаа Абело Гомес и Фраде. Кај ППД Загреб најдобар беше Вхал со пет, пред Божиќ-Павлетиќ и Кларица со по четири голови.

 

Advertisement

Facebook

Реклама