Кошарка
Баскетџиите од „Никола Карев“ петти во светот
Францускиот град Ле Авр беше домаќин на светски средношколски игри на кои учествуваше и македонска селекција во повеќе спортови.
Меѓу нив и екипата во „3х3“ од скопското средно училиште „Никола Карев“ како државен првак и претставник на Македонија, а кој на крајот го освои петтото место
. Во составот беа Ангел Кечовски, Коста Кириловски, Лука Дејановски и Михаил Стојанов, а селектор, професорот по физичко образование и поранешен тренер на неколку прволигашки екипи во женска конкуренција Венцислав Рангелов.
Преземено од Кош.мк