Фудбал
Базел се засили со напаѓач на Дортмунд
Базел е на прагот да направи силен трансфер кој сепак нема да влијае на натпреварите со „црвените“. Швајцарците се блиску до договор со Борусија Дортмунд за 19-годишниот напаѓач Бредли Финк, тврди Билд.
Во неделата, Базел не успеа да постигне гол и покрај тоа што имаше многу удари кон голот на Лугано во натпревар од швајцарската лига, кој го загуби со 2-0.
Се очекува Базел да плати околу 800.000 евра на Дортмунд за трансферот на играчот. Тој импресионираше со своите настапи минатата година кога минатата сезона постигна 27 гола на 40 натпревари.