Тајмаут
Бејл објави: Ќе тргнам по стапките на Анри
Легендарниот француски фудбалер Тиери Анри направи радикален потег пред неколку дена откако ги избриша сите приватни сметки на социјалните мрежи во знак на борба против насилството преку Интернет.
Поранешниот напаѓач на Арсенал и припадник на познатата генерација од шампионската сезона 2003/04, реши да ги избрише своите профили на социјалните мрежи, бидејќи му здодеа од навредите и малтретирањата на социјалните мрежи кои остануваат без одговор.
Фудбалерот на Тотенхем, Герет Бејл, исто така, може да тргне по стапките на легендата на „Топџиите“, откако непознати лица испратија навредливи пораки до неговите соиграчи Бенјамин Кабанг и Раби Матондо од националниот тим на расна основа.
“Мислам дека ако сите се обединиме во одлуката за бојкот на социјалните мрежи и на тој начин ја покажеме нашата позиција, нешто ќе се промени. Ако сите го сториме тоа во исто време, нема да бидат само неколку луѓе и ако може да вклучиме многу влијателни луѓе од целиот свет, од спортот и други сфери на животот во таа кампања, тогаш мислам дека тоа ќе даде резултати. Ако е така, ќе се придружам на акцијата“, рече Бејл.
Останува да видиме дали некои други познати личности од светот на спортот ќе се приклучат на оваа кампања.