Фудбал
Бејтулаи: Сакаме пласман во групите во ЛШ
Македонскиот репрезентативец и капитен на Шкендија, Егзон Бејтулаи (пре)амбициозно најави напад и на групната фаза во ЛШ, иако според квалитетот на екипите што играат, предалечна изгледа европската елита за било кој македонски шампион.
„Мура има свои квалитети, не е тим за потценување, имаат колективен квалитет и одлични индивидуалци, но не се непобедливи. Сакаме годинава да одиме што е можно подалеку во Европа, иако моја лична желба, а и на целиот тим е да се пласираме во групите во ЛШ. Утре да победиме за помирен реванш во Словенија“, рече Бејтулаи.
Десниот бек на Шкендија и на македонската репрезентација најави дека тетовската екипа сезонава влегува со високи амбиции во фудбалска Европа.
„Сакаме оваа година да стигнеме што подалеку во Европа, а моја лична желба и на целата екипа е да играме во групната фаза на Лигата на шампионите“, заврши Бејтулаи.
Најголемиот успех во клуската историја на Шкендија во Европа се два пласман во плеј-оф фалата на Лига Европа.