Connect with us

Фудбал

Бекам го носи лошото момче на европскиот фудбал во неговиот Интер

Дејвид Бекам има големи амбиции со својот Интер и покрај лошиот старт во МЛС лига.

Во премиерниот натпревар, најмладиот клуб во МЛС лигата загуби од Лос Анџелес со 1:0, но тоа нема да го тресе Бекам за да создаде супер силен тим.

Легендарниот Англичанец има јасни планови со својот клуб, а тоа е што поскоро да донесе некои звучни имиња од Стариот континент.

Давид Силва е практично завршена работа, а на Шпанецот би требало да му се придружи и лошото момче на европскиот фудбал, Диего Коста.

Коста е на излезната врата на Атлетико Мадрид затоа штонеговото враќање во клубот не е ни приближно добро како првото.

Искусниот напаѓач се поврзуваше оваа зима со преселба во Фламенго, но Мајами на Бекам се чини дека е негова следна дестинација.