Connect with us

Фудбал

Бекам: Меси и Роналдо, па зошто да не?!

Многумина сметаат дека токму името на Дејвид Бекам би можело да биде доволно за одлука големите ѕвезди да се преселат во МЛС лигата, поточно во Интер Мајами.

Пред извесно време се појавија информации дека токму тој би можел да биде единствениот кој би ги споил двете најголеми ѕвезди на денешницата Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

-Имаше многу играчи кои не контактираа околу евентуалното доаѓање во нашиот клуб. Ние тука навистина имаме одлични услови. Кога си сопственик сакате да ги имате најдобрите фудбалери. Имаме можности да ги донесеме најдобрите, како што се Лео Меси и Кристијано Роналдо. Навистина би било одлично кога би успеале да ги донесеме, изјави Дејвид Бекам.